Креативна Европа: МЕДИА даде поддршка за „Македокс“ и за најновиот филм на „Сестри и брат Митевски“

Програмата Креативна Европа – МЕДИА, која го финансира аудиовизуелниот сектор во Европа, ќе ги поддржи „Најсреќниот човек на светот“, новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“ во режија на Теона Стругар Митевска со 30 илјади евра на повикот за „Развој на проекти“ и фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ со 27.000 евра.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ е по сценарио на Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ и ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал пред повеќе продуценти, дистрибутери, продажни агенти и фестивалски селектори како дел од програмата за развој на проекти „Ателjе“. Филмот „Најсреќниот човек на светот“ ја доби и првата награда за развој на проект од „Еуроимаж“ во висина од 20.000 евра во рамките на маркетот „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал, известија од Агенцијата за филм на РСМ.

Прочитајте и...  Актуелни уметнички случувања: „Нов светски поредок“ во Мала станица

МЕДИА Деск МК објави дека фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ петта година по ред добива поддршка од Креативна Европа МЕДИА на повикот за „Фестивали“. Поддршката за „Македокс“ се однесува за изданието во 2020 година.

Фестивалот „Македокс“ веќе го најави и партнерството со три фестивали на документарен филм (ДОК.фест Минхен, Докс Барселона и ФИПАДОК), со кои заедно ја формираат мрежата ФестДокс Нетворк. Партнерството меѓу овие четири фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и за промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 31, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 мај 2020)

Прочитајте и...  Нова книга за Скопје: Антологиски раскази во кои градот станува личност

Прочитај повеќе

Разговор со Дени Омерагиќ, басист на „Светлост“: Интеракција во просторот за слободен израз

Тони Димков

Нова книга за Скопје: Антологиски раскази во кои градот станува личност

Тони Димков

Изложбa во КИЦ: „Црно – шарено“ од Дарко Аницин

Тони Димков

Проект „Шишка виа МКЦ“: Нов модел за промовирање на културата

Тони Димков

Актуелни уметнички случувања: „Нов светски поредок“ во Мала станица

Тони Димков

ДФРМ: Независните филмски работници добија финансиска поддршка

Тони Димков

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Современа култура и културни политики: „Локомотива“ создава архива на рефлексии

Тони Димков

10. Филозофски филмски фестивал: Роденденско издание во хибридна верзија

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 33 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Кинотека: Монографијата „Манаки“ е достапна онлајн

Тони Димков

Поетска антологија: Две хаику песни од Александар Прокопиев се објавени во „Длабока светлина“

Тони Димков

Магични приказни на „Три“: Современа поморска авантура од Александар Секулов

Тони Димков