Кратка историја за Меѓународниот ден на жената: Зошто го славиме 8 март?

Фото: Profimedia

Меѓународниот ден на жената постои во различни форми низ целиот свет повеќе од 100 години. Секоја година 8 март претставува глобално славење на жените и нивните достигнувања.

Денеска е ден кој е обид за подигање на свеста за прашањата што ги засегаат жените ширум светот, истакнувајќи ги иницијативите и кампањите насочени кон подобрување на животот на жените и зголемување на родовиот паритет – еднаквост помеѓу мажите и жените.

Фото: mediadrumimages/TopFoto/World Hi / Media Drum World / Profimedia

Главните цели на Меѓународниот ден на жената се „славење на достигнувањата, подигање на свеста за еднаквоста на жените и родова рамноправност.

Дали сте знаеле дека официјалните бои поврзани со Меѓународниот ден на жената се виолетовата, што претставува правда и достоинство, зелената која ја претставува надежта, и белата како симбол на чистотата.

Фото: CHRISTIAN MANG / AFP / Profimedia

Меѓународниот ден на жената постои во различни форми низ целиот свет повеќе од 100 години. И претставува фузија од различни движења на трудот и социјалната правда. Денот на жената за прв пат бил одбележан во Соединетите држави во 1909 година, а во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија почнал да се слави дури во 1911 година. Од 1975 година, овој ден бил „официјално“ признаен од Обединетите нации.

Фото: GABRIEL BOUYS / AFP / Profimedia

Кој бил мозокот зад сево ова? На многу начини, тоа било заеднички напор – резултат на бројни движења и активности. Но, ако сакаме да бидеме конкретни, тоа беше жената по име Клара Цеткин – германски марксистички теоретичар, активист и борец за правата на жената која прва ја предложила идејата за Меѓународниот ден на жената.

На конференцијата во Копенхаген на повеќе од 100 работнички од различни земји, Цеткин предложила секоја земја да го слави денот на жената на истиот датум – секоја година. Нејзиниот предлог бил едногласно усвоен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот