Кратење на платите на високите романски функционери за една четвртина

Либералите сакаат да покажат дека мерките за штедење, предизвикани од коронавирусот, не важат само за обичните луѓе, туку и за парламентарците, пишува весникот.

Владата на Лудовик Орбан подготвува нацрт-закон со кој ќе се намалат платите на високите функционери за 25 проценти за време на вонредната состојба, изјавиле политички извори за романскиот весник „Адеверул”.

Мерката може да се продолжи до есен кога ќе започне следната парламентарна сесија. Паралелно, владејачката Национално-либерална партија подготвува и укинување на специјалните пензии за парламентарците, со закон или со вонреден декрет, пишува весникот.

Планираното намалување на платите на високите државни службеници доаѓа во време кога владата на Орбан одлучи да ги испрати буџетските работници во технолошка невработеност 15 дена месечно за да се заштедат пари. Притоа, либералите сакаат да покажат дека мерките за штедење, предизвикани од коронавирусот, не важат само за обичните луѓе, туку и за парламентарците, пишува весникот.

Орбан објасни дека спроведувањето на мерката за техничка невработеност во одредени сектори на државниот систем може да резултира со заштеда во буџетот од 1,2 милијарди до 1,5 милијарди леи (едно евро се разменува за 4,83 леи).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот