Кралското семејство со роденденски честитки за Камила, но една фали

камила британско кралско семејство
ФОТО: Инстаграм

Камила, војвотката од Корнвол, во неделата го прославила својот 74-от роденден, а членовите на британското кралско семејство ѝ честитале преку социјалните мрежи.

Кралицата Елизабета ја испратила роденденската честитка преку официјалниот профил на „Твитер“ на кралското семејство, а честитката била придружена со фотографија од војвотката.

Набргу потоа, Кејт Мидлтон ѝ го честитала роденденот на војвотката на „Твитер“, а честитката била придружена со фотографија од Камила во бела креација и специфична насмевка.

Принцот Хари и Меган Маркл не испратиле јавна порака до Камилa, но, според „Fox News“, тие немале пристап до нивниот официјален профил на војводата и војвотката на Сасекс на „Инстаграм“ од март минатата година, кога го напуштиле кралското семејство.

Принцот Чарлс и Камила се заблагодариле за честитките преку нивниот профил на „Твитер“.

ФОТО: Временски приказ на љубовната врска помеѓу принцот Чарлс и Камила

Да потсетиме, Камила официјално станала дел од кралското семејство на 9 април 2005 година, по бракот со Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот