Кралското семејство со изненадувачка реакција откако Меган јавно откри дека го загубила бебето

epa-efe
Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Меган Маркл за Њујорк Тајмс откри дека доживеала спонтан абортус откако таа и принцот Хари се преселиле во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го загубила второто дете откако почувствувала „силен грч“ во стомакот додека во месец јули му менувала пелена на синот Арчи.

Иако се шпекулираше дека принцот Хари и таа не се во добри односи со кралското семејство – поддршката по објавата во голема мера пристигна од Велика Британија.

Instagram
Instagram

„Принцот Чарлс беше голема поддршка за Хари и Меган во текот на нивниот период на тагување. Целото кралско семејство е многу тажно поради Хари и Меган“, откри за „US Weekly“. извор близок на семејството.

Од палатата за магазинот изјавија дека спонтаниот абортус на Меган е нејзина лична работа.

Profimedia
Profimedia

Во изјавата за Њујорк Тајмс, Меган опиша дека ѝ се слошило во домот во Лос Анџелес.
Како што изјави, најтешко ѝ паднало да го гледа принцот Хари како тагува додека и таа самата се „распаѓа на делови“.

„Откако му ја променив пелената на Арчи, почувствував грч. Се спуштив на подот со него во рацете, пеејќи му песничка со цел да се смириме и двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст на моето чувство дека нешто не е во ред“, напиша таа.

Instagram
Instagram

Во рубриката под називот „Загуби кои ги споделуваме“ таа напиша:  „Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто“.

Меган Маркл откри дека летово доживеала траума: Војвотката со болка и тага раскажа дека претрпела спонтан абортус

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот