Кралското семејство достоинствено го испраќа принцот Филип до неговото вечно почивалиште: Сите погледи насочени кон браќата Вилијам и Хари

epa-efe
epa09141547 A handout picture provided by the British Ministry of Defence (MOD) shows The Duke Of Edinburgh's coffin on the Land Rover followed by royal family members and flanked by Pall Bearers drawn from regiments, corps, air stations and units with a special relationship to The Duke on their way tof St George?s Chapel at Windsor Castle, in Windsor, Britain, 17 April 2021. More than 730 members of Armed Forces personnel have taken part in the funeral ceremony at Windsor Castle. Britain's Prince Philip, the Duke of Edinburgh, has died on 09 April 2021 aged 99. EPA-EFE/Dave Jenkins/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Кралското семејство го испраќа принцот Филип до неговото вечно почивалиште, достоинствено и во согласност со епидемиолошките мерки и неговите желби.

Сопругот на кралицата Елизабета Втора ќе биде погребан во капелата Сент Џорџ до кој беше пренесен од замокот Виндзор со „Ланд Ровер“, кој тој самиот помогнал да се редизајнира за неговиот погреб.

Прицот Филип го планирал својот погреб со воена прецизност, не оставајќи ништо на случајноста, но без многу помпезност, како што тој самиот побарал.

Profimedia
Profimedia

Поради строгите епидемиолошки мерки, на само 30 лица им беше дозволено да бидат присутни на погребот, вклучувајќи ги членовите на потесното семејство на принцот, децата и внуците со своите партнери, неговите тројца внуци, потомци на неговите сестри од Германија и добрата пријателка на принцот грофицата Маунтбатн од Бурма.

Точно во 15.41 часот, членовите на кралското семејство застанаа на своите места и ја започнаа поворката, а неколку минути подоцна им се придружи и кралицата Елизабета Втора во официјалниот автомобил „Бентли“ и се упатија кон капелата, по што беше испукан почесен оган.

Во поворката зад ковчегот, одеа децата на починатиот принц, внуците, а потоа и другите роднини.

EPA-EFE
EPA-EFE/Dave Jenkins

Точно во 16 часот се одржа едноминутно молчење за починатиот принц, по што ковчегот беше внесен во капелата Сент Џорџ.

Внатре во капелата, членовите на семејството седеа со заштитни маски почитувајќи ги строгите епидемиолошки мерки, оддалечени два метра едни од други, освен ако не се членови на исто семејство. Кралицата Елизабета седеше сама.

Поради обичаите и традициите кои датираат од далечното минато, принцот Чарлс и Едвард, принцезата Ана, како и внуците Вилијам и Хари поради воените чинови, требаше да носат воени униформи на погребот, овој пат ова не се случи. Наместо униформи, тие се појават во свечена облека во црна боја во знак на жалост.

Оваа одлука кралицата ја донела за да го спаси срамот на принцот Хари кој беше лишен од почесните воени чинови откако го напушти британското кралско семејство, но и поради принцот Ендру кој сè уште не сведочел за случајот со починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Но, сите погледи секако беа насочени кон браќата Вилијам и Хари, кои после долго време, за прв пат беа видени заедно во јавноста. Со цел да се минимизира нивната интеракција, во поворката зад ковчегот, тие дури и не одеа рамо до рамо. Нивниот братучед Питер Филипс, синот на принцезата Ана, стоеше меѓу нив што дополнително предизвика шпекулации за односот на двајцата браќа.

Ковчегот на принцот Филип беше пренесен во капелата со специјално редизајниран „Land Rover Defender TD5 130“, за што тој самиот помогнал да се дизајнира.

epa-efe
EPA-EFE/ Sgt Jimmy Wise

Возилото било специјално направено за да го држи ковчегот на место во војничко зелена боја што ја побарал војводата. Тој започнал да работи дизајн на возилото за сопствениот погреб уште во 2003 година, кога наполни 82 години. А последните корекции ги направил во 2019 година, кога наполни 98 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот