Кралски скандал: Принцезата се сликала гола, а сега објавува слатки семејни фотографии (ФОТО)

Profimedia

Принцезата Еугенија (29) ја слави првата годишнина од бракот со менаџерот Џек Бруксбанк (33).
По тој повод стигнуваат честитки од сите страни, а на друштвените мрежи се огласи и принцезата.

„Ова ми е омилениот ден во животот. Секогаш и засекогаш. Среќна прва годишнина, мој Џек“, напиша Еугенија.

И додека сега за принцезата се зборува како за вистинска дама, како мала била вистинска „хулиганка“.

профимедиа

На 18 години за малку ќе била исфрлена од средното училиште за кое нејзините родители плаќале околу 30.000 евра за година.

Познат е и скандалот кога принцезата и нејзините 20 пријатели правеле роденденска забава на која имало и алкохол. Девојките толку се опуштиле што се соблекле голи, а облеката ја расфрлале по училишното игралиште.

Princess Eugenie on Vacation
Profimedia

Се фотографирале голи, а наскоро дошол управникот на училиштето. Ја прекинал забавата, а девојките се разбегале. Бидејќи и принцезата била гола, таа вечер го добила прекарот „трета нимфа“.

Освен тоа била и под влијание на опијати, а била фатена со цигара во устата и чаша со алкохол во раката.

Била разбушавена, во распарталена поткошула што не прилега на членка на кралското семејство.

По сè изгледа дега се смирила и редовно објавува слатки семејни фотографии на својот инстаграм-профил.

Image result for princess eugenie
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот