Роднина на Меган Маркл уапсен гол на улица! (ВИДЕО)

меган маркл
Фото: Profimedia

Томас Дулеј (28), роднина на Меган Маркл, бил приведен минатиот четврток бидејќи наводно бил виден како оди гол по улица, зборувајќи бесмислици и носејќи мал пешкир околу половината.

Снимката од инцидентот го прикажува роднината на кралското семејство без облека и полицајците кои се обидуваат да го стават во задниот дел од автомобилот.

Апсењето следело откако било пријавено дека тој лута низ квартот зборувајќи бесмислици и носејќи мал пешкир околу половината. Полицијата тврди дека Дулеј бил под влијание на дрога.

Според поранешните извештаи, Дулеј бил близок со војвотката од Сасекс кога била помлада. Тој давал отпор при апсењето, а неодамна објавената видеоснимка од инцидентот го покажуваат како гласно вика додека неколку полицајци се обидуваат да го стават во автомобилот.

Од полицијата објавиле дека незадоволството на Дулеј поради апсењето се влошило откако влегол во колата, па морале да го заврзат, а брзата помош го однела во болница. Му била одредена кауција од 25.000 долари, а на слобода бил пуштен во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот