Кралски договор: Реал Мадрид од новиот спонзор ќе добие 10 милијарди евра

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/ фото: EPA-EFE/ANGEL DIAZ

Реал Мадрид се наоѓа пред договор со американската корпорација “Леџендс Хоспиталити“ која би требало на кралскиот клуб да му донесе неверојатни 10 милијарди евра, пишуваат шпанските медиуми.

Доколку дојде до договор, тој ќе биде потпишан на 25 години и Реал Мадрид годишно ќе инкасира неверојатни 400 милиони евра, а за возврат „Леџендс Хоспиталити“ би станал сопственик на 20 отсто од акциите на фирмата која управува со реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Покрај тоа, компанијата од САД би ги добила правата да организира настани на „Сантијаго Бернабеу“ како концерти или спортски настани.
„Леџендс Хоспиталити“ има акции во два спортски тима од САД, НБА клубот Сан Антонио спарс и НФЛ тимот на Далас Каубојс.

Реал Мадрид веднаш по потпишување на договорот би требало да добие 150 милиони евра кои претседателот Флорентино Перез би ги инвестирал во купување на ѕвезда како Ерлинг Халанд.

Видео на денот