Кралски бакнежи: Ги споија усните и испишаа историја

Profimedia

Свадбениот бакнеж на принцезата Дијана и принцот Чарлс на балконот на Бакингемската палата е најпознатиот и најнезаборавниот во британската историја.

Profimedia

Истражувањето спроведено во Велика Британија откри дека бакнежот од 1981 година сè уште е врежан во мислите на нацијата. Кејт Мидлон и принцот Вилијам ја рекреираа истата сцена во 2011 година на балконот, како и принцот Хари и Меган Маркл пред капелата на Свети Џорџ минатата година.

Во истражувањето што го организираше каналот History, луѓето ги рангирале бакнежите за кои мислат дека се незаборавни. Вкупно 40 проценти од испитаниците рекле дека нежниот бакнеж на Дајана и Чарлс за нив е на самиот врв и дека никогаш нема да го заборават.

Бакнежот на принцот Вилијам и Кејт Мидлон што се случи 30 години подоцна, доби 24% од гласовите и е на второто место. Нивната венчавка го собори Гинисовиот рекорд по бројот на луѓето што го следеле.

Profimedia

Дотогаш најмногу луѓе биле присутни  на погребот на Мајкл Џексон.

Третото место на листата на најзапомнетите го зазема бакнежот на Меган Маркл и принцот Хари.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот