Кралска експертка: Принцот Хари ќе се врати во кралското семејство, но под еден услов

Принцот Хари ќе биде примен назад во британското кралско семејство, но под еден услов – без неговата сопруга Меган Маркл. Барем така смета кралската експертка Џени Бонд.
„Мислам дека на Хари, без Меган, ќе му биде простено и дека ќе биде добредојден назад во кралското семејство“, изјави Бонд за списанието „ОК!“, напоменувајќи дека таа идеја во моментов е малку веројатна.
„Мислам дека сѐ уште има добра волја кон Хари, кон стариот Хари на кого сите се сеќаваме. Тој би можел да го надомести пропуштеното и да биде прифатен назад. Но, мислам дека тоа сѐ уште не е на видик.“

И поранешниот батлер на принцезата Дијана, Пол Бурел се согласува со ставовите на Џени Бонд.
„Не се сомневам дека (враќањето) ќе се случи, сите знаеме дека ќе се случи. А, кога принцот Хари ќе се врати во Велика Британија, мислам дека неговиот татко, кралот Чарлс Трети, и брат му, принцот Вилијам, ќе го дочекаат со раширени раце. Постои дел од Хари кој сите го сакаме, само не разбираме зошто го прави ова што го прави“, изјави поранешниот кралски службеник.

Поранешниот батлер на кралот Чарлс, Грант Харолд смета дека треба да се биде отворен кон иднината и дека секогаш ќе постои можноста принцот Хари да се врати дома. Според него, можеби тој ќе купи и имот во Велика Британија за да доаѓа таму.
Како потсетување, принцот Хари се откажа од своите кралски должности во 2020 година и се пресели во САД. Оттогаш имаше неколку кратки посети на Велика Британија, а последното појавување му беше на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети.