Кралот на тортите: Бели ледени коцки – рецепт!

Фото: Инстаграм

Состојки:

За кремот:

– 1 л млеко

– 7 жолчки

– 7 лажици шеќер

– 2 кесички ванилин шеќер

– 9 лажици брашно

– 250 г маргарин или путер

За кората:

– 7 белки

– 7 лажици шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 7 лажици брашно

– 1 прашок за печиво

– 130 мл млеко за потопување

Декорација:

– 300 г слатка павлака или шлаг

Приготвување:

Во жолчките додајте шеќер и ванилин шеќер, па пенесто изматете. Дел од млекото додајте во жолчките, а потоа и брашно, па соединете. Остатокот од млекото ставете го да се вари, па во зовриеното млеко додајте ги приготвените состојки и продолжете да загревате на потивок оган.

Врелиот крем префрлете го во друг сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се олади. Изматете го оладениот крем и додајте маргарин од собна температура, исечен на коцки, па добро соединете. Ставете го во фрижидер да се олади добро.

За кората, изматете ги белките и кога ќе станат цврсти, постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Измешајте го брашното со прашок за печиво, додајте го во белките и соединете со маталка. Сипете во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути.

Додека кората се пече, сварете млеко за потопување. Печената кора прелејте ја со врело млеко и оставете го да се впие. Откако кората ќе се олади, издвојте ја хартијата и префрлете ја кората на чинија, по можност со обрач што се вади.

Ако немате обрач, можете постапката на редење да ја завршите во тепсијата. Исто така, ако колачот го завршувате во тепсија, пред печењето на кората, само намрсете и набрашнете ја тепсијата. Така нема да ја повлекувате масната хартија на дното кога ќе го сечете готовиот колач.

На кората нанесете го оладениот крем, па одозгора распоредете го изматениот шлаг. Најдобро е ледените коцки да преноќат во фрижидер пред послужување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот