„Кралот на тенисот“ продолжува да „гази“ во Токио

twitter.com/standardsport

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир во Токио. Во четвртфиналето за „само“ 50 минути успеа да го совлада Лука Луј со 2:0 по сетови 6:1 и 6:2.

Најдобриот тенисер на светот му оддржа вистинска тениска лекција на Пуј кој немаше никакви шанси против Србинот. Првиот период од играта Ѓоковиќ го доби за само 21 минута игра.

Ноле одлично го започна мечот и веќе во првиот гем му одзеде сервис на противникот, а потоа во завршницата уште еден „брејк“ за конечни 6:1 во првиот сет.

Ѓоковиќ фуриозно продолжи и во вториот сет, поведе со убедливи 4:0 и до крајот само рутински ја одработи задачата против Французинот.

Противник на српскиот ас во полуфиналето ќе му биде подобриот од пресметката Давид Гофан (Белгија) и Хјунг Чанг (Кореја).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот