,,Кралот” на колена во Белград, Партизан пред промоција во плејофот на Евролигата

Фото: КК Партизан

Партизан продолжи со одличните настапи во Евролигата и вечерва во Белград го победи Реал Мадрид со 104:90.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ клучната разлика ја направија во втората четвртина, која ја добија со 28:15, а по обидот за камбек на „кралевите“, успешно го приведе натпреварот кон крај.

Во последниот период Партизан дојде и до највисоки 20 поени разлика, во последните минути се опушти и му дозволи на Реал Мадрид да ја намали негативата.

Најефикасни кај Партизан беа Лесор и Пантер со по 16 поени, Ексум додаде 15, а Нанали 14, на спротивната страна Муса постигна 22 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот