Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Суверенот на хашемитското кралство Јордан, кралот Абдула Втори, го распушти Домот на пратениците и на владата и нареди да одржи национални избори, јави националната агенција Петра.

Според агенцијата, јорданскиот монарх „одлуката ја донел во согласност со член 34 на Уставот”. Изборната комисија новите избори веќе ги закажа за 10 ноември.

Долниот дом на Националното собрание брои 130 пратеници, а Горниот дом, Сенатот, се состои од 65 члена назначени од јорданскиот монарх.

Според анкета спроведена меѓу населението во перидот од 24 до 27 септември од страна на Центарот за стратешки студии на Универзитетот во Аман, 51 отсто од испитаниците се за одложување на изборите заради пандемијата на коронавирусот. Воедно, 59 отсто од испитаниците изјавиле и дека нема да излезат на гласање.

Претходно, поради зголемувањњето на бројот на заразенои со коронавирусот јорданската Влада го поврати режимот на ограничувања од 17 до 30 септември. Училиштата во Аман и другите градови се вратија на онлајн учења. По наредба на Министерството за вакафи, ислам и свети места, службите во џамиите и црквите беа прекинати на две недели. Владините агенции, трговските и услужни претпријатија преминаа на намален обем на работа. Градските власти ги затворија популарните пазари, ресторани и сали за банкет.

Според статистичките податоци, бројот на заразени лица во Јордан изнесува 8.492 лица, а досега во кралството се регистрирани и 45 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот