Кралот ја казни љубовницата заради нелојалност, и ги одзеде сите титули и воениот чин

Фото: Принтскрин

Тајландскиот крал ги одзеде титулите и воениот чин на неговата кралска партнерка, обвинувајќи ја дека се обидува да ја поткопа позицијата на неговата официјална сопруга и сегашната кралица за своја лична корист.

Кралот, 67-годишниот Маха Вајиралонгкорн, го издал овој кралски налог само три месеци откако и ја додели оваа титула на 34- годишната Сининатра Вајиралонгкорн како придружничка на монархот, со што ја оживеа старата традиција на иземање на другата сопруга.

На Сининатра и беше одземена титулата „Чао Кун Фра Синанитра Биласакалајани“, како и другите кралски и воени титули и почести.

Таа, наводно, се побунила кога кралот ја именувал својата долгогодишна партнерка за кралица.

Во мај, кралот ја назначи својата партнерка Сутида Вајиралонгкорн за своја кралица со која се венчале неколку дена пред неговото официјално крунисување.

И Сутида и Сининатра (41) служеле како високи офицери во единиците за безбедност на палатата.

Кралот Маха Вајиралонгкорн зад себе има три бракови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот