„Кралот“ Хаверц: Голгетер за историја во германскиот фудбал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Младиот играч за врска во Баер стана најефикасниот фудбалер помлад од 21 година во историјата на Бундеслигата.

Денеска во рамките од 29 коло во најсилното германско првенство екипата на Баер Леверкузен со 0:1 триумфираше над Фрајбург.

Хаверц, кој на 11 јуни ќе го прослави 21 роденден, го реализираше единствениот гол во победата на Баер над Фрајбург, што беше негов 35 погодок во бундеслигашката кариера.

Германија имаше врвни голгетери како Герд Милер, Мирослав Клосе, Карл Хајнц Румениге, Јирген Клинсман, и др., но никој не беше како Каи Хаверц, кој не е ниту напаѓач.

Младиот играч за врска стана најефикасниот фудбалер помлад од 21 година во историјата на Бундеслигата. Шест голови на последните пет меча, воедно го престигна славниот напаѓач на Шалке, Клаус Фишер, кој до 21 роденден, вкупно 34 пати се запиша меѓу стрелците во елитното германско натпреварување.

Со новите три бода Баер (56) повторно му се доближи на второпласираниот Дортмунд (57), но „милионерите“ својот меч треба да го одиграат за два дена против Падерборн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот