Кралот Чарлс Трети сака да го исели блудниот брат, но тоа може да го направи само една личност

кралица елизабета
Фото: Профимедиа

Омилениот син на покојната кралица Елизабета Втора, принцот Ендру (63), сè уште не сака да ја напушти Кралската ложа (Royal Lodge) и покрај барањата што му ги упати неговиот постар брат, кралот Чарлс Трети (74).

Фото: Hugo Burnand/Royal Household 2023/Profimedia

Откако принцот Ендру повторно одби да ја напушти својата вила во Виндзор, на кралот Чарлс Трети му снемувааѕ можности да го избрка. Резиденцијата Кралска ложа стана најголемата причина за расправија меѓу двајцата браќа откако Ендру реши да ги игнорира барањата на кралот да го напушти имотот со 30 спални соби.

Куќата, која се наоѓа на пописот на кралскиот имот и се наоѓа во Виндзор, е дом на принцот Ендру веќе две децении, но Чарлс сака да го исели за во него да ги смести принцот и принцезата од Велс.

Но, Ендру се вади на тоа дека потпишал долгорочен закуп со нивната мајка, покојната кралица Елизабета Втора, на имотот од 30 милиони фунти, каде што живее со поранешната сопруга Сара Фергусон.

Венчавката на принцот Ендру и Сара Фергусон / 23 јули 1986 / Фото: – / Mary Evans Picture Library / Profimedia

Според раскажувањата на пријателите на Ендру, договорот за закуп ќе биде активен уште неколку децении, а само еден човек во Велика Британија има овластување да го исфрли, а тоа не е неговиот брат, кралот Чарлс Трети, туку министерот за финансии. 

„Закупот е на име на војводата, така што никој не може да му го одземе. Тоа е долг закуп и му преостанаа 80 до 90 години, а ова е потпишано меѓу него и Крунскиот имот, така што тоа не е прашање за кралот, туку за канцеларот на државната благајна. Единствениот начин да го натерате да се исели ќе биде ако се постигне договор, тогаш тој ќе мора да се согласи“, изјавил за „Тајм“ пријател на принцот Ендру.

Расправијата меѓу двајцата браќа трае со месеци, алосе дополнително се интензивира со првите финансиски извештаи што ги видел кралот, кои покажуваат дека имотот е прескап за одржување, што е спротивно на желбата на Чарлс да го намали кралскиот буџет.

Нов удар: Принцот Ендру остана и без титулата почесен граѓанин на Јорк

Принцот Ендру се спаси: Се спогоди и нема да одговара за сексуална злоупотреба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот