Кралицата Ранија од Јордан повторно во поволна комбинација која ги засени дури и најскапите фустани! (ФОТО)

Instagram

Не е тајна дека убавата јорданска кралица често бира модни парчиња кои би можела да си ги дозволи и средната класа.

Кралицата Ранија од Јордан редовно е на листите за најдобро облечени жени во светот, а нејзиниот стил прилично многу се разликува од се што сме виделе на благородничките како што се Кејт Мидлтон, кралицата Летиција од Шпанија и други.

Profimedia

Иако таа претежно избира деловни комбинации, многу е посмела кога станува збор за експериментирање со боја и дезени, а не е изненадување ниту да се појави во модни парчиња кои се достапни и за „обичните смртници“.

Profimedia

Така пред неколку дена шармантната кралица присуствуваше во Аману, на доделувањето на наградите за извонредност во образованието, облечена во несекојдневен спој на блуза и миди-здолниште. Нејзиниот горен дел од аутфитот имаше подигната јака со врзана машна и паф-ракави, а блузата ја краси и интересниот принт каде што доминираат ромбоиди во сина боја. Таа ја комбинирала со здолниште со квадрати, исто така со многу сина боја, но ова парче има и бели и кафени детали.

Profimedia

Како што пишуваат светските медиуми, оваа блуза може да ја најдете по цена која би чинела околу 25 евра.

Овој изглед на Ранија од Џордан, бил надополнет со интересна светло-кафена чанта потпишана од Грабриеле Хартс, салонки и висечки обетки во слична нијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот