Кралицата Летиција во кариран костум со машки крој

Убавата кралица на Шпанија уште еднаш покажа многу стил појавувајќи се на настанот организиран од Црвениот крст во Мадрид, облечена во костум со машки крој.

Предимензиониран, сив и дискретно кариран костум со машки крој, свилена бела кошула, „сафари“ капут и црна чанта – вака беше облечена кралицата Летиција на настанот организиран во Мадрид од страна на Црвениот крст.

Темата на настанот била Родовото насилство, стратегии и предизвици.

Летиција од Шпанија е позната по својот истенчен вкус, а често и по промовирањето на „хај стрит“ марките, особено на шпанската модна марка „Зара“. Инспиративната кралица овојпат го одбра сивиот костум од колекцијата пролет/лето 2020 на „Хуго Бос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот