Кралицата Летиција повторно мета на шпанските медиуми: Пред да се омажи за идниот крал била мажена за нејзиниот професор од средно

Profimedia
Фото: Profimedia

Многумина ја нарекуваат шпанската Кејт Мидлтон, поради нејзиниот префинет стил и успешното балансирање меѓу семејните и професионалните обврски што ги има од 2014 година, носејќи ја титулата на кралица на Шпанија.

Со сето ова, Летиција одамна ја придоби наклонетоста на народот со кој владее нејзиниот сопруг, кралот Фелипе VI, иако во почетокот не ја прифаќаа во целост токму поради нејзиното минато.
Летиција Ортиз Рокасолано, исто како и Меган Маркл, имаше неуспешен брак зад себе пред да се омажи за член на кралското семејство.

профимедиа

На почетокот, секако, шпанскиот народ не можеше да го прифати тоа со ентузијазам, но со текот на времето, но и со нејзините паметни одлуки, Летиција ја освои наклонетоста и љубовта од сите!

Нејзиното воспитување, школување и живот ѝ се добро познати на јавноста, но деталите за нејзиниот брак со Алонсо Гереро повторно ги разгоруваат старите гласини за неа!

Profimedia

Убавата Летиција е родена на 15 септември 1972 година во шпанскиот град Овиедо како најстара ќерка на новинарот Хесус Хосе Ортиз Алварез и медицинската сестра Мари де Ла Палома Рокасолано Родригез, кои покрај Летиција имале уште две ќерки Телма и Ерика.

Летиција се омажила за Гереро во 1998 година, а нејзиниот брак со професорот по литература траел само една година. Но она што е најинтересно е дека тие се сè уште во контакт, иако не се во брак од 1999 година.

No description available.

Како што (иако ретко) пишуваат некои шпански весници за нејзиниот приватен живот, Летиција Ортиз Рокасолано се вљубила во нејзиниот професор по литература, кој ѝ предавал во средното училиште „Рамиро де Маеза“ во Мадрид каде што учела. Нивната љубовна приказна била толку страствена и траела речиси 14 години, а потоа во 1998 година решиле својата љубов да ја крунисаат со брак.

Иако нивниот брак пропадна по само една година, тие не ги прекинале сите контакти. Иако Летиција, во меѓувреме, се омажи за идниот шпански крал во 2004 година, таа останала во пријателски односи со нејзиниот поранешен сопруг.

Ми откри една тајна што никој не ја знае. Ми рече дека тој и кралицата сѐ уште се пријатели и се дружат“, открива Леонардо Фацио, авторот на книгата „Летиција, нетрпеливата кралица“.

Тој ми рече дека понекогаш се среќаваат и разговараат, пијат кафе или уживаат во некоја префинета вечера, на која секогаш присуствува и кралот. Нивната љубов траеше толку долго што на крајот заврши со пријателство“, објаснува тој.

Токму поради фактот дека кралот Фелипе VI е свесен за целата ситуација, но и самиот Алонсо Гереро, шпанските медиуми од сето тоа никако не успеваа да извлечат некаков скандал, па не е ни чудно што ова и не им е толку интересна тема за пишување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот