Кралицата Летиција им пркоси на правилата во оваа несекојдневна комбинација! (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Благородничките обично ги замислуваме во долги балски фустани и со тијари, но некои од нив не се плашат да направат модно изненадување.

Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести по многу работи се издвојува од светот на принцезите и кралиците, така што не е изненадување да се види во комбинации кои ги носела порано, како ниту во модни парчиња со доста пристапни цени или кратки здолништа.

Profimedia

Меѓутоа, тоа не е единствената модна смелост на кралицата Летиција од Шпанија! Таа обожава експериментирање со стилови, па така пред неколку дена покажа дека жената може да изгледа еднакво женствено и нежно дури и кога е во построга модна комбинација.

Profimedia

Поранешната новинарка се појави на една изложба во Кралската палата во Мадрид и носеше деловно одело од модната куќа Hugo Boss, кое е составено од панталони со рамен крој што ја пратат линијата на телото и благо предимензионирано сако со лажно дворедно закопчување. Таа се одлучи за пастелно розова нијанса на одело и салонки со полна штикла во ист тон, а ваквата нежна боја се усогласува со белата блуза од Carolina Hererra која и претходно имавме прилика да ја видиме на кралицата.

Profimedia

Шпанската кралица е позната по тоа што без разлика на сериозноста на некое случување, секогаш успева да биде храбра и креативна при изборот како со облеката, така и со накитот, но овој пат беше доста умерена во втората ставка, па така таа се определи за суптилни златни алки и ефективен прстен.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот