Кралицата Летиција е вистинска модна икона, но овој пат центарот на вниманието беа нејзините ќерки! (ФОТО)

профимедиа

Шармантната кралица Летиција од Шпанија, сопругата на кралот Фелипе Шести, е една од најдобро облечените жени на планетата, а она што стои позади нејзиниот успех не е никаква тајна – нејзиниот главен трик е едноставноста.

профимедиа

На оваа дама нема да видите беспотребни детали ниту претерување од било кој вид, па така е и кога станува збор за плисираните здолништа. Всушност, кралицата Летиција решила да го комбинира здолништето со наједноставното модно парче за да постигне феноменален изглед.

профимедиа

Летиција се определила за нешто подолг модел од брендот Massimo Dutti и тоа во беж нијанса, а решила да го вклопи ова здолниште со обична црна маица без ракави. Овој стил бил надополнет со еспадрили од модната куќа Macarena и чанта од Carolina Herrera.

Меѓутоа, овој пат во центарот на вниманието беа и наследничките на кралскиот пар.

профимедиа

Семејството присуствувало на претстава заедно со своите ќерки за уметниците да ја почувствуваат поддршката која во овие исклучително тешки времиња ја пружа шпанското кралско семејство. Покрај кралот и кралицата цело време биле и принцезите Ленор и Софија, кои избрале симпатични летни фустани и тексас јакни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот