Кралицата Елизабета Втора првпат ќе го помине Божиќ сама со сопругот

Profimedia
Фото: Профимедиа

Најстарите членови на британското кралско семејство, кралицата Елизабета II (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99), Божиќ за првпат од 1949-та година ќе го дочекаат сами, без никој од своите потомци и без празнична церемонија.

Тие ја донесоа таа одлука, во духот на пандемиските мерки, пренесуваат британските медиуми.

Фото: Профимедиа

Иако Британците во карантин отидоа малку порано од очекуваното, тие очекуваат за празниците да имаат покомотна ситуација и дека дружењето нема да биде забрането, но кралицата и принцот не сакаат да ризикуваат.

Последен пат кога се случила оваа раритетна ситуација, било во 1949-та година, а парот тогаш бил на патување во МалтаЕлизабета тогаш го оставила едногодишниот Чарлс во Велика Британија и отпатувала на Малта со сопругот, кој тогаш ѝ служел на морнарицата.

Фото: Инстаграм

Кралицата веќе најави и дека нема да присуствува на овогодишната Божиќна миса, но затоа ќе ужива во приватната капела во својот дворец Виндсор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот