Кралицата Елизабета Втора има дублерка, се вика Ела Слак!

Instagram
Instagram

Мистеријата е решена. Целиот свет досега се прашуваше како 94-годишната британска кралица Елизабета Втора стигнува да посети многубројни кралски приеми и настани. Од каде има толку енергија да трча од прием на прием? Само лани таа имала 295 настани. Се чини дека распоредот на кралицата е премногу густ, за да може сè да извршува сама. А, тука се и пробите за повеќето од настаните.

Но, затоа постојат дублерите, кои популарно се нарекуваат и „клонови“. Многу големи славни лица на настаните на кои не успеваат да учествуваат, ги испраќаат своите дублери, т.е. луѓе што им се физички многу слични. Понекогаш тие и се штитат на овој начин, кога не сакаат да се појават некаде, затоа што процениле дека може да се најдат во опасност.

принтскрин: ca.hellomagazine.com

 

Сега е откриено дека тоа го прави и кралицата Елизабета, но на малку поинаков начин.
Во нејзиниот случај, не постои личност која повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинската Елизабета, но постои жена која физички наликува на неа, и барем малку ги олеснува работите на кралицата. И тоа го прави веќе цели 30 години.

Таа ја заменува на пробите за кралските настани. Кралицата се занимава со важни работи, се појавува само таму каде што мора, па за нејзините генерални проби е задолжена 62-годишната Ела Слак, која со фигурата и изгледот навистина потсетува на кралицата.

Досега ѝ бев замена повеќе од 50 пати. Не изгледам потполно исто како неа, но имаме иста висина и држење на телото, а имаме и слична фризура – рекла Ела за Би-би-си.

Ела, како што изјавила за британските медиуми, за таа работа била ангажирана случајно, додека била во посета на Би-би-си. Тие ја снимале кралицата, но бидејќи сонцето ѝ удирало во очите, Ела добронамерно се понудила да ја замени за да можат да го снимат кадарот. И така започнала нејзината „кралска приказна“, еден ангажман водел кон друг, а Ела можела да се чувствува како вистинска кралица.

Ела се возела во кочијата на кралицата и присуствувала на генералната проба за отворањето на парламентот. Најважното нешто цело време е да се следи строгиот кралски протокол, вели Ела.

Забрането седење на престолот!

Сепак, Ела никогаш не смее да се приближува до едно место на кралицата.

Не ми е дозволено да седам на престолот на кралицата. Можам само да застанам покрај него. Тоа е многу строго правило – вели Ела.

Никогаш не прифатила плата за своите услуги за „замена на кралицата“. Ела ја опишува својата работа како „задоволство и чест“.

Настаните во кои помогнав се настани што се емитуваат низ целиот свет, ги гледаа милиони луѓе. Јас секогаш ги следам на телевизија и знам дека ќе ја видам кралицата и ќе помислам „јас ви помогнав“ – вели Ела и напоменува дека таа не е „лук а лајк“ на кралицата, туку „стенд-ин“. Таа не ја извршува оваа улога заради физичката сличност, туку ја менува кралицата заради практичноста, со цел да ѝ го зачува скапоценото време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот