Кралицата Елизабета Втора денеска полни 94 години: Вози без возачка дозвола, не сака кромид и лук, а знае да поправа и автомобили

BRITISH CENTRAL OFFICE OF INFORMATION

Британската кралица Елизабета Втора денес го слави 94-роденден. Нејзиниот роденден нема да биде одбележан со традиционалната почесна стрелба, која кралицата ја смета за неприкладна поради епидемијата со коронавирусот.

flickr.com

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти поврзани со најдолговечната владетелка, Елизабета Втора.

Во светот постојат дури 237 улици кои го носат нејзиното име.

Куќата во Лондон во која е родена, сега е кинески ресторан.

Сопственичка е на сите црвеноклунести лебеди во Велика Британија.

Сопственичка е на сите китови и делфини кои пливаат во водите на Велика Британија.

Првиот фудбалски натпревар на кој присуствувала бил натпреварот меѓу Блекпул и Болтон, кој завршил со резултат 4:3.

Фото: BRITISH CENTRAL OFFICE OF INFORMATION

Не го сака вкусот на кромидот и лукот, па кралските готвачи никогаш не ги користат тие намирници во нејзините јадења.

Висока е само 162 сантиметри.

Првиот мејл го пратила кога скоро никој во светот не бил запознаен со тој поим. Тоа било во 1976 година од компјутер во британската воена база.

Учествувала на отворањето на Олимписките игри во Лондон. Нејзината двојничка скокнала со падобран од авион.

Нејзиното лице се наоѓа на дури 35 светски валути.

Семејството во младоста и го дало прекарот Лилибет. Го отфрлила кога имала 13 години и се лутела кога некој ја викал така.

Имала 13 години кога почнала Втората светска војна. Во 1945 година вежбала со војската како механичарка.

За време на војната 5 години поминала во дворецот Виндзор. Прозорците биле заштитени со вреќи, а светлата цело време биле пригушени поради безбедноста.

Палатата била бомбардирана вкупно 16 пати во 1940 и 1941 година. Нејзината мајка за влакно ја избегнала смртта.

На 21 година се омажила со Филип од Вестмајнстер.

Елизабета Втора
Profimedia

Нејзиниот венчале прстен бил направен од велшко злато.

Profimedia

Научила да вози на 21 година и таа е единствена во Велика Британија на која не и е потребна возачка дозвола.

Фустанот што го носела на крунисувањето, го носела подоцна уште шестпати.

Не гласа на изборите бидејќи тоа би било противуставно.

Има четири деца, осум внучиња и седум правнучиња.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Како Елизабета стана кралица на Британија? (ФОТО)

Најдолговечната британска владетелка утре полни 94 години: Како Елизабета стана кралица на Британија? (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот