Кралицата Елизабета во тотална изолација – Ниту семејството не смее да и се доближува!

Британскиот дворец јасно порача дека со здравјето на кралицата нема шегување…

Британското кралско семејство, како и поголемиот дел од светот, е во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот. Меѓутоа, палатата одлучи да ги засили мерките за заштита кога станува збор за кралицата Елизабета.

Новите мерки подразбираат целосна изолација на кралицата Елизабета, па така ниту членовите на најтесното семејство нема да можат да ја видат или да стапат во личен контакт со неа.

По најавениот протокол, на кралицата смее да и пристапува само многу мал ограничен број на личности од нејзиниот дворец – нејзините асистенти, кои се вкупно осум. Меѓу нив се двете нејзини долгогодишни аѓутантки, кои со кралицата се 24 часа дневно, личниот готвач и неколку помошници.

„Ризикот по нејзиното здравје мора да го сведеме на апсолутна нула, со оглед на нејзините години и на сериозноста на вирусот со кој сме соочени. Никој не смее да и пријде на кралицата, освен луѓето кои се тотално прегледани и имаат посебна дозвола за тоа. На тие луѓе им е забранет пристапот до било кое друго лице надвор од овој круг“, наведува изворот од кралството, пренесува Дејли Мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот