Кралицата Елизабета веќе нема да им се врати на кралските должности? Ќе биде во изолација со години!

Фото: Profimedia

Британската кралица Елизабета Втора моментно се наоѓа во изолација во дворецот Виндзор. Странските медиуми пренесуваат дека е сосема извесно дека никој нема да ја види минимум до крајот на летото. Најнеопходните обраќања ќе ги објавува преку видеолинкови.

Многумина шпекулираат дека кралицата всушност веќе никогаш нема да се врати на регуларното вршење на кралските должности, бидејќи се зборува дека коронавирусот ќе биде присутен со години.

Кралицата не сака да престане да работи, но нема да се спротивставува на советите. Таа секојдневно ги добива сите информации преку интернет, како и преку разговорите со премиерот Борис Џонсон еднаш неделно.

„Нејзиниот дневник на обврски е празен до крајот на месецот. Прославата „Поздрав со боите“ и многу летни забави се откажани. Тешко дека таа некогаш ќе се врати на „нормалното“ вршење на должностите“, вели кралскиот биограф Ендрју Мортон.

„Овој вирус ќе биде присутен со месеци, ако не и со години. Би било премогу ризично кралицата да почне секојдневно да се среќава со луѓе. Таа секогаш ги сакаше средбите, но олкав ризик не смее да се преземе“.

Една од главните грижи на кралицата е дека би можела да го зарази принцот Филип, чие здравје и така е нарушено.

За првпат по 27 години Бакингемската палата е затворена за туристи и така ќе остане најмалку до крајот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот