Кралицата Елизабета штедлива и практична: Сите гости се смрзнуваат, а таа штеди на греење!
Секое лето британската кралица Елизабета Втора го поминува во својот дворец Балморал во Шкотска, а повремено таму угостува и луѓе од јавниот живот. Некогаш ѝ се придружуваат и членови од семејството, но кралицата задолжително со себе ги носи своите миленичиња, кучињата.
Иако е голем престиж да се добие покана за Балморал, многумина не си поминале многу убаво во дворецот бидејќи во дворецот е ужасно ладно, дури и среде лето.
Една од нив била и Чери Блер, сопругата на поранешниот премиер Тони Блер, која го презирала одењето во Шкотска бидејќи не можела да спие од студ, а не ѝ се допаднале ни гајдите кои свиреле рано наутро под прозорецот.
Наводно уште рускиот цар ѝ се жалел на кралицата Викторија дека во Балморал е „поладно отколку во Сибир“.
Иако сите имоти на кралското семејство се обновени, имаат нови инсталации и вградени се еколошки штедливи енегретски системи, дворците тешко можат да се загреат, а и кралицата е позната по својата штедливост во секојдневниот живот.
И покрај тоа што е 319. најбогата личност на светот, на кралицата не ѝ паѓа на памет да ги пали камините, туку преку ден ги загрева само просториите во кои најчесто престојува и тоа со мали електрични греалки.
Преку ноќ греењето е исклучено бидејќи таа спие со своите кучиња кои доволно ја топлат.