Кралицата Елизабета ќе им оддаде почест на заслужните во борбата против Ковид-19

Британската кралица Елизабета Втора ќе укаже на големата и пожртвувана работа на стотици лекари, медицински сестри, донатори и волонтери за време на пандемијата на новиот коронавирус, откако следниот месец ќе биде објавена нејзината годишна роденденска листа на најпочитуваните.

Објавувањето на листата, која првично требаше да биде објавена во јуни, е одложено за 10 октомври, со цел на неа да се додадат имињата на луѓето кои имаа клучна улога во првите месеци од борбата против Ковид-19.

Велика Британија има најголем број починати од коронавирус во Европа и најтешки економски последици меѓу развиените земји.

Почеста, односно доделување ненаследна благородничка титула, датира од периодот на владеењето на кралицата Викторија во 19. век и нејзина цел не е да им се оддаде почит само на познати личности, туку и на сите оние кои придонеле за животот во земјата со несебична и честопати малку позната работа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот