Кралицата Елизабета ја изненади јавноста и го прекрши кралскиот протокол за да го честита првиот роденден на својот внук! (ФОТО)
Денеска Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор го прослави својот прв роденден. Во негова чест, Меган сними видео во кое на синчето му ја чита приказната „Патка, Зајче!“, а инстаграм-профилот Save The Children UK ја објави.
На снимката се гледа како малиот Арчи се смее додека мајка му му чита и го бакнува по главчето.
Ова беше прв пат јавноста да има можност да го види малиот Арчи после Божиќ. Но, и покрај големата далечина членовите на кралското семејство му го честита роденденот на малиот Арчи, а тоа што најмногу ја воодушеви јавноста беше објавата на профилот на неговата баба, Кралицата Елизабета Втора.
Кралицата ги изненади следбениците на друштвените мрежи споделувајќи јавно роденденска честитка за малиот Арчи на службените профили на Твитер и Инстаграм – @TheRoyalFamily. Овој гест е вообичаено резервиран за постарите членови на семејството и беше огромно изненадување што ваквата честитка ја објави после заминувањето на Хари и Меган од кралското семејство, па многумина сметаат дека кралицата со овој чекор го прекрши кралското правило. Меган Маркл и принцот Хари се откажаа од своите кралски должности со надеж за помирен живот, подалеку од кралското опружување.