Кралицата Елизабета и принцот Филип слават 73-годишнина од својот брак

Profimedia
epa08474600 (FILE) - Britain's Queen Elizabeth II (L) and her husband Prince Philip, Duke of Edinburgh (R) arrive to attend Ladies Day at Royal Ascot race meeting, in Ascot, Britain, 21 June 2012 (reissued 09 June 2020). Prince Philip, Duke of Edinburgh will turn 99 on 10 June 2020. He has retired from official duties in 2017. EPA-EFE/ANDY RAIN

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип ја прославувааг својата 73-годишнина од бракот со сентиментален подарок – честитка од нивните правнуци.

Instagram
Instagram

Бакингемската палата објави специјална фотографија на кралицата Елизабета (94) и Филип (99) на која се гледа како радосно отвараат рачно направена картичка од принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, децата на внукот на двојката, принцот Вилијам и неговата сопруга војвотката од Кембриџ Кејт.

Instagram
Instagram

На фотографијата кралските членови се насмевнати во замокот Виндзор и со многу љубов ја гледаат шарената картичка на која е врежан бројот 73 во чест на нивната годишнина.

Двајцата влечат потекло од кралицата Викторија, која владеела со тогашната огромна британска монархија во 19 век. И покрај кралската крв, тие растеле потполно различно, Елизабета во благосостојба, со дадилки и приватни учители, а Филип најчесто во беспарица.

Instagram
Instagram

Елизабетa имала само 21 година кога се омажила за потполковникот на Кралската морнарница Филип Маунтбатен во опатијата Вестминстер на 20 ноември 1947 година. На нивната венчавка биле присутни 2.000 гости. По венчавката кралскиот пар, по правилата на вишата класа во тоа време, живеел во одвоени соби.

Instagram
Instagram

За да се ожени со Елизабета, Филип морал да го прифати британското државјанство и да се откаже од врските со Германија. На венчавката не смеел да повика никој од германската страна на семејството, па дури ниту своите три сестри (сите три сестри на Филип биле омажени за германски нацисти).

Instagram
Instagram

Елизабета е кралица од 1952 година и владее подолго од кој било друг британски монарх. А нејзиниот брак со принцот Филип е исто така најдолгиот брак во историјата на кралството.

Instagram
Instagram

Додека кралицата Елизабета продолжува да ги извршува своите должности, принцот Филип (99) се повлече од јавниот живот.

Instagram
Instagram

Бидејќи Велика Британија е под национален карантин поради пандемијата на коронавирусот, тие се во самоизолација во замокот Виндзор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот