9 C
Скопје

Кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 73 години, а малкумина знаат дека тие се роднини

Венчавките меѓу членовите на кралското семејство претходно немале многу врска со љубовта туку со засилувањето на сојузништвото поради кое браковите се склопувани меѓу европските династии.

Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета II вчера наполни 99 години. Нивниот брак трае веќе 72 години, но тоа што е малку познато е дека нивната врска поттекнува многу пред тоа. Тие се знаат од детството, а причината е, како што обично е случај во кралските семејства, тоа што се роднини.

Profimedia

Историски гледано, венчавките меѓу членовите на кралското семејство немале многу врска со љубовта, туку со засилувањето на сојузништвото поради што браковите главно се склопувани меѓу европските династии.

Тоа што е постигнато со оваа традиција, намерно или не, е тоа што сега повеќето членови на европските кралски семејства имаат исти предци.

Прочитајте и...  8 предности на самотијата: Еве кога треба да останете сами со себе и своите мисли!
instagram

Поради тоа не е изненадување тоа што кралицата Елизабета II и принцот Филип, војводата од Единбург, се блиски роднини.

Важно е да се напомене дека нивниот брак не го договориле нивните семејства, а тие двајца се поврзани и од двете страни.

И двајцата се чукунвнуци на кралицата Викторија.

Кралицата Елизабета е родена како принцеза Елизабета Александра Мери во 1926 година. Таа е најстарото дете на Алберт (кралот Џорџ VI), кој бил втор син на кралот Џорџ V. Татко на Џорџ V бил кралот Едвард VII, второто дете на кралицата Викторија.

instagram

Принцот Филип од Данска и Грчка е роден 1921 година. Неговата мајка е принцезата Алис од Батенберг, а баба принцезата Викторија од Хесе. Мајката на принцезата Викторија е принцезата Алис, третото дете на кралицата Викторија.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Наоми Кемпбел ја покажа својата луксузна вила во Кенија

Тоа значи дека кралицата Елизабета II и принцот Филип имаат иста прабаба, односно се од трето роднинско колено.

Освен тоа, кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип се роднини и преку кралот Кристијан IX од Данска.

Прочитајте:

Како Елизабета стана кралица на Британија?

 

Поврзани вести

Чоколадо, грозје, коски од живина и друга храна која не смее да ја јаде вашето куче

Слободен печат

Поради неа луѓето се самоубивале: Ова е најтажната песна во Југославија која Тито лично ја забранил

Слободен печат

Ковчегот во кој ќе биде погребан принцот Филип е направен пред 30 години: Еве зошто тој е обложен со олово

Слободен печат

ВИДЕО | Вежбајте секој ден, 10 до 20 минути со Памела: За подобро расположение и витка фигура

Слободен печат

На 16 години го исфрлиле од училиште, живеел во приколка и бил осомничен за убиство: 8 помалку познати факти за легендарниот Џим Кери

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО: Карди Би купила подароци за својата двегодишна ќерка во вредност од триесет илјади долари

Слободен печат

Остави Коментар