Кралицата Елизабета и нејзината страст кон облеката, 12 занимливости кои не ги знаете!

Бакингемската палата е опремена со посебен вентилатор за да ги тестира модните додатоци и облеката на кралицата Елизабета, дали се подложени на „билокакво влијание од ветер“.

Кралицата Елизабета има цел кат посветен на облека. Како што откри нејзината историчарка за гардероба, Анџела Кели, во книгата „Облекување на кралицата“, обично она што се случува во палатата останува во палатата, но кралицата сакала да овласти еден од нејзините најважни доверници да открие смешни и интересни детали што се однесуваат на нејзината гардероба.

1. Анџела Кели е лична советничка за облека на кралицата, а советувањата вклучуваат и која ткаенина да ја користи за да се дизајнира фустан.

2. За секоја ткаенина се цртаат 4 скици и откако ќе се избере моделот – фаворит, фустанот се сече и се крои директно на модел со идентични димензии како оние на кралицата.

3. Бакингемската палата е опремена со посебен вентилатор за да ги тестира модните додатоци и облеката на Елизабета, дали се подложени на „билокакво влијание од ветер“.

4. За да се избегне несакано лелење на материјалот, во секоја облека се вметнуваат мали „тегови“ што ја прават гардеробата имуна на ветрот.

5. Кралицата преферира ракави со 3/4 должина, тие се многу поудобни кога ги поздравува своите поданици.

6. Никогаш не излегува без ракавици, има повеќе од 200 чанти и многу сака шапки.

Profimedia

7. Целата нејзина облека се чува во водоотпорни ормани. Гардеробата е каталогизирана, парче по парче. Модното парче кое ќе го облече веднаш се забележува во Календарот за да се избегне повторување на ист фустан на ист или сличен настан.

8. Боите на нејзината облека се регулирани со Кодекси на природата: во пролет таа носи пастелни бои како што е нежната розово, нијанса на цвет од цреша, јоргован -нијанса, небесно сина и жолта; во лето се додаваат и зелените и сини (делфин) нијанси; есента е во знакот на топлите бои на лисјата на шумата и зрелите плодови; зимата – во нијансите на празниците.

9. Забранета е употребата на црна боја: таа е резервирано само за погреби или за одбележување на денот на загинатите војници. Беж нијансата исто така никогаш не ја носи. Не затоа што е забранета, туку затоа што на кралицата лично не ѝ се допаѓа.

10. Секогаш користи потранспарентни чадори, за нејзиниет фанови да ѝ го видат лицето и покрај дождот.

11. Интересно е што нијансите на облеката која ја носи говорат за нејзиното расположение. На тој начин нејзините фанови знаат како кралицата се чувствува. Затоа, кралицата носи силни нијанси, или светли нијанси. Додека темните нијанси го истакнуваат нејзиното лошо расположение. Дента кога Меган и Хари ја објавија разделбата од Палатата, кралицата носеше облека во кафена нијанса.

12. Уште една занимливост – силните нијанси кои ги носи кралицата имаат и практична цел. Имено, на тој начин обезбедувањето при големи настани лесно може да ја следи, а при случај на неволја, веднаш да „ја препознае“ меѓу толпата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот