Кралицата е потиштена, никогаш не ѝ било потешко!

Profimedia

Тие двајца решија да се спротистават на сите позици за присуствување на традиционалното семејно собирање.

Меган Маркл и принцот Хари, војводата и војвотката од Сасекс, ја одбиле поканата да ги поминат празниците со кралицата во Бакингемската палата. Всушност, тие толку многу се одвоиле од семејството што е објавено дека празниците ќе ги поминат во Канада.

Profimedia

Иако имало претпоставувања дека ќе се придружат на остатокот од семејството на имотот Сандрингем, каде се одржува традиционалната прослава, тие двајца решиле да „свртат грб“ на сите повици за тоа собирање.

Меѓутоа, 98-годишниот принц Филип е во болница веќе неколку ноќи, а кралицата, како што пренесуваат странските медиуми, сега е особено чувствителна, затоа членовите на кралското семејство повторно побарале од Меган и Хари да се вратат дома и го прекинат престојот во Канада.

Profimedia

Еден член на семејството наводно изјавил: „Дури и пред да се разболи Филип, се прашувавме зошто тие двајца го пропуштаат најверојатно последниот Божиќ со него и кралицата заедно! Тие се вообразени и себични“.

За сега овој пар се уште не се огласил, така што не се знае дали ќе го прекинат престојот во Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот