Кралицата е бесна: Персоналот го одби нејзиното барање и за прв пат по 33 години ќе се менува протоколот

Персоналот на кралицата Елизабета Втора го одбил нејзиното барање да се затворат во изолација со неа и нејзиното семејство на четири недели.

Кралицата Елизабета Втора наводно е бесна на својот персонал во Сандрингем што одби да остане со неа и семејството за Божиќ оваа година. Таа побара од нејзиниот тим кој го сочинуваат околу 20 вработени да останат без своите семејства за Божиќ и празниците да ги поминат со неа, принцот Филип и останатото кралско семејство во Норфолк, но тие се побунија.

Кралското семејство побара од персоналот да остане изолиран на имотот четири недели за да ја заштитат 94-годишната кралица од пандемијата на коронавирус. Со оглед на нивната реакција, се чини дека кралицата за прв пат по 33 години ќе мора да ги помине божиќните празници во замокот Виндзор.

“Секој сака да остане верен на кралицата, но сметаме дека последното барање ги премина сите граници. Таа сака персоналот комплетно да го изолира од своите семејствата за Божиќ, но никој не сака да го стори тоа. Затоа кралицата е бесна”, изјави извор близок на кралското семејство за „Сан”.

Елизабета Втора вообичаено божиќните празници ги поминува во Сандрингем, но оди и во Бакингемската палата да го прослави Божиќ со своето пошироко семејство. Оваа година сè е поинаку поради пандемијата, а нејзините вработени мора да бидат особено внимателни поради здравјето на кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот