Кралицата Елизабета четири часа разговарала со принцот Хари и конечно ги разрешиле неодумиците

Елизабета Втора го поканила Хари на ручек во неделата, за конечно да ги разрешат сите прашања и недоумици во врска со неговото одвојување од кралското семејство.

„Кралицата имаше многу да му каже на Хари и ова беше идеален момент за двајцата да си поразговараат за тоа „што им лежи на срце“. Во неделата првпат имаа можност да си посветат внимание еден на друг во опуштена атмосфера“, вели извор близок до кралското семејство.

Кралицата, како што информира изворот и понатаму е многу вознемирена заради одлуката на Меган и Хари да заминат во Северна Америка. Посебно затоа што, како што рекла, би сакала почесто да го гледа малиот Арчи.

„Сепак, таа прифаќа дека Хари веќе ја донел конечната одлука, но му даде до знаење дека нивниот договор ќе функционира сè додека не се обидат да ги комерцијализираат своите титули и својот кралски статус. Затоа не им дозволила да го употребат зборот „кралски“ за фондацијата што ја основале“, вели изворот.

Покрај тоа, кралицата јасно му ставила до знаење на Хари дека тој и Меган се „секогаш добредојдени да се вратат ако се предомислат и дека кралското семејство ќе ги дочека со ширум раширени раце“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот