Кралицата Елизабета Втора слави 70 години на британскиот трон

Кралицата Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кралицата Елизабета Втора од 2 до 5 јуни ќе го прослави платинестиот јубилеј, 70 години на британскиот трон.

Настанот ќе биде проследен со 16.000 улични забави низ Англија, а Кралските совети во Англија објавија дека добиле „голем број апликации” од граѓани кои сакаат да учествуваат на прославата на 70-годишнината од британскиот трон, пишува лондонскиот дневен весник Гардијан.

Во текот на викендот, неколку Кралски совети низ Англија се откажаа од административните такси за затворање на патиштата, а на 4 јуни во Мерсисајд ќе се одржи улична парада, на која ќе настапат играчи, тапанари и акробати, како и ученици од локалните училишта.

„По две тешки пандемиски години, се надеваме дека луѓето конечно ќе можат да наздрават и да слават со своите најблиски и пријатели“, пишува Гардијан.

Видео на денот