Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Кралица Елизабета Фото : EPA-EFE/NEIL HALL

Кралицата Елизабета Втора денеска, на последниот ден од прославите по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот, накратко се појави на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрави насобраните луѓе.

Кралицата (96) излезе на балконот, придружувана од синот Чарлс, внукот Вилијам, нивните сопруги и деца. Тогаш се огласи и британската химна „God save the queen”.

Елизабета Втора ги ограничи своите настапи во последните месеци поради проблеми со одењето. Досега таа се појави само два пати во текот на четиридневната празнична програма.

Таа им мавна на илјадниците луѓе собрани пред палатата на крајот од парадата, на која присуствуваа над 100 национални познати личности како пејачот Ед Ширан и поранешниот фудбалер Гери Линекер.

Елизабета Втора се искачи на тронот во 1952 година, кога имаше 25 години. Таа е британскиот монарх со најдолго владеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот