Кралицата Елизабета ноќта ја поминала во болница, била подложена на испитувања

Фото: Profimedia

Британската кралица Елизабета Втора (95) поминала една ноќ во болница на прелиминарни медицински прегледи и во четвртокот на 21 октомври, се вратила во замокот Виндзор „во добро расположение“, објави Бакингемската палата.

Кралицата ја откажала посетата на Северна Ирска на 20 октомври, наведувајќи дека медицинскиот персонал ѝ рекол да се одмори, како и дека тоа не е поврзано со ковид-19.

„Следејќи го советите на лекарите да се одмори неколку дена, кралицата во средата попладне отиде во болница на прелиминарни истраги, а денеска во времето на ручек се врати во Виндзор со добро расположение“, се наведува во соопштението на палатата.

Извор од Бакингемската палата за Ројтерс изјавил дека кралицата останала во болницата од практични причини и дека нејзиниот медицински тим заземал претпазлив пристап, како и дека на 21 октомври попладне таа се вратила на своите обврски и извршила некои полесни обврски.

Кралицата Елизабета Втора е најстариот монарх во светот, а на тронот е речиси седум децении.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот