„Кралевите“ во Манчестер бркаат негатива, а Бејл игра голф! (ВИДЕО)

EPA-EFE

Герет Бејл не се најде во составот на Зинедин Зидан за реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Потсетување, Реал Мадрид на првиот меч загуби со 1:2 и на „Етихад“ стадионот ќе мора да се покаже во многу подобро светло доколку да се пласира на завршниот турнир.

Според зборовите на францускиот тренер, Велшанецот одбил да игра во Англија, па и Зизу не изрази желба играчот да биде меѓу патниците.

И додека Реал се подготвува за вечерашниот дуел (21.00 часот) против Сити, Бејл му се врати на своето омилено хоби, играњето голф.

Со платата која ја има во „кралскиот“ клуб јасно дека апсолутно сеедно му е дали сака да игра или, има договор до 30 јуни 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот