„Кралевите“ торпедирани во Париз

Реал Мадрид доживеа вистинско понижување на „Паркот на принцевите“, губејќи со 3:0 од ПСЖ за кого не настапија најголемите ѕвезди Нејмар, Кавани и Мбапе.
Јунак во победата на ПСЖ беше Анхел ди Марија кој постигна два гола во првото полувреме, додека конечниот резултат ги постави Муние.

Во второто дерби на вечерта во ЛШ, Атлетико Мадрид и Јувентус одиграа 2:2. „Старата дама“ поведе со 0:2 преку Квадрадо и Матуиди, Савиќ намали на 1:2, а во самиот финиш Ерера го постигна израмнувачкиот погодок на асистенција на Трипие.

Баерн Минхен рутински си ја одработи задачата против Црвена звезда победувајќи со 3:0 и тоа со головите на Коман, Левандовски и на Милер.

Динамо Загреб приреди вистинско изненадување со високата победа од 4:0 над Аталанта со 4:0. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше асистент при третиот гол на Динамо кој го постигна Оршиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот