„Кралевите“ со план за Јовиќ, Реал најавува голем трансфер!?

фото: твитер

Доколку дојде Халанд на „Сантјаго Бернабеу“, Србинот Лука Јовиќ би можел да биде испратен на позајмица со цел да стекне искуство.

Кога ќе заврши епидемијата на коронавирусот, Реал Мадрид ќе тргне да реализира еден голем фудбалски трансфер.

„Кралевите“ бараат напаѓач, а се шпекулира дека прва „мета“ е најновата светска „гол-машина“, Ерлинг Халанд (19), како што пренесува „Марка“.

Да, тој од оваа сезона настапува за Борусија Дортмунд и има договор до 30 јуни 2024 година, но Реал Мадрид веќе тргна во офанзива по неговите услуги.

Вредноста на норвешкиот интернационалец според „Трансфермаркт“ моментно изнесува 80 милиони евра. Дојде во Германија од Ред Бул во зимскиот преоден рок, а за него интерес покажува и италијанскиот шампион Јувентус.

Доколку дојде Халанд на „Сантјаго Бернабеу“, Србинот Лука Јовиќ би можел да биде испратен на позајмица со цел да стекне искуство.

За „милионерите“ од Дортмунд од осум натпревари има учинок од девет голови.

Исто така Зидан сака да го донесе во клубот и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, но Шпанците сметаат дека неговиот трансфер не е можен ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот