„Кралевите“ пред дилема, Мбапе или Халанд: Реал Мадрид ќе одлучи во 2021 година!?

фото: твитер

Сè укажува на тоа дека во 2021 година ќе има нова голема промена во Реал Мадрид, или Килијан Мбапе (21) или Ерлинг Халанд (20) ќе биде клучното потпишување на клубот, информира шпанската „Марка“.

Мбапе отсекогаш се чинеше дека побрзо ќе направи трансфер на „Сантјаго Бернабеу“, со слики од Кристијано Роналдо во својата соба, го посети тренинг центарот на Реал Мадрид, а идол му е сонародникот Зинедин Зидан, сегашниот тренер на „кралевите“.

фото:твитер

Но, и моќните перформанси на Халанд во последната година ги импресионираше првите луѓе во Реал, како и со неговите инстинкти за постигнување голови. И двајцата сонуваат да го облечат славниот бел дрес, се поставува прашањето кој од нив ќе се пресели во мадридскиот гигант следното лето?

После досега изненадувачки не толку активен преоден рок, без потписи, се чини сосема веројатно дека ќе помине уште едно лето без голема суперѕвезда во шпанската престолнина. Мбапе според фудбалските експерти е фаворит за преселба во Реал, но и Халанд би била одлична опција, односно тој би бил поевтин. Воедно тој е чиста „деветка“, нешто што клубот очајно бара.

Мбапе е покомплетен играч, но тој е повеќе „познат“ и можеби не предизвикува толку интерес кај навивачите колку што се зборува за Халанд. Плус може да помогне и пријателството со репрезентативниот колега од Норвешка, Мартин Одегард, кој исто така може да „игра“ во негова корист.

фото: твитер

Иако Халанд сè уште не направил нешто големо на меѓународната сцена, покажува шампионски карактер и квалитет со кој може да доминира во Европа и би можел да биде еден од клучните играчи во составот на Зидан, а од друга страна Мбапе досега постигна многу повеќе. Според многумина тој е иднината, и веќе е светски шампион.

„Проблемите“ со него можеби доаѓаат во обидот како и кога да ја заврши авантурата со ПСЖ, а особено неговото блиско пријателство со Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот