„Кралевите“ на лето ќе тргнат по Мбапе, очекуваат помош од тренерот на ПСЖ

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Килијан Мбапе долго време е на радарот на Реал Мадрид кој процени дека вистинскиот момент за напад е во летниот преоден рок.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, донесе одлука на лето конечно да тргне во реализација на трансферот за кој се подготвува подолго време, тој на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Според пишувањето на „Ас“, Реал Мадрид направи план, „кралевите“ планираат со продажба на неколку фудбалери како Бејл, Иско, Јовиќ, на лето да заработат околу 100 милиони евра, а остатокот ќе го финансираат со кредит кој ќе го подигнат. Добивањето на нов кредит не би требало да претставува проблем за Реал Мадрид кој добро стои финансиски и за време на пандемијата на коронавирусот.

Засега не е познато колкава сума ќе бара ПСЖ, но се очекуваа обесштетувањето да се движи помеѓу 200 и 250 милиони евра, како што најавуваа француските медиуми изминатото лето. Од друга страна Перез се надева дека ќе успее да ја намали сумата на 150 милиони евра бидејќи договорот на одличниот напаѓач со ПСЖ истекува во 2022 година.

Во Реал се надеваат дека при реализацијата на трансферот може да им помогне новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино, кој побара од управата да му го донесе напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро чиј договор истекува ова лето. Доколку Агуеро би потпишал за ПСЖ, во Реал сметаат дека би имало премногу гужва во нападот на „светците“ и со примамлива понуда би ги натерале сопствениците на францускиот тим да се согласат на продажба на Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот