„Кралевите“ и натаму ќе напаѓаат без Азар!

фото: твитер

Само еден ден откако Еден Азар се најде во составот на Реал Мадрид за дуелот против Ваљадолид, Белгиецот доживеа нова повреда.

Како што информира шпанската „Марка“ станува збор за повреда на мускул на десната нога поради која околу три-четири недели ќе биде надвор од составот на Зинедин Зидан.

И натаму го чека првиот настап во новата сезона, а до истиот ќе почека најверојатно пред крајот на октомври.

И претходно белгискиот интернационалец се соочуваше со повреди во „кралскиот“ клуб со досега „само“ 22 настапи.

Сега се појави нов проблем и ќе мора да започне уште еден процес на опоравување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот