„Кралевите“ го слават Карвахал

Победата ги искачи „кралевите“ на лидерската позиција на табелата/ фото: EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа втората победа во третото коло во Ла Лига, победувајќи на тешкото гостување кај Бетис.

Реал Мадрид славеше со 0:1 и тоа благодарение на фантастичниот гол на Дани Карвахал.

Домашните фудбалери имаа шанса да дојдат до израмнување, упатија неколку шутеви кон голот на Реал, но Тибо Куртоа не дозволи да се затресе неговата мрежа. Со новите три бода, Реал Мадрид се искачи на првото место со седум бодови од три кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот