„Кралевите“ го освоија Истанбул, ПСЖ и Сити на чекор од нокаут-фазата (ВИДЕО)

twitter/uefa

Во групата „А“ ПСЖ ја забележа и третата победа сезонава и е на чекор од пласман во нокаут-фазата во фудбалската Лига на шампионите.

Париските „светци“ триумфираа на гостувањето во Белгија кај Клуб Бриж со двата погодоци на Икарди и еден на Мбапе.

Реал конечно ги освои сите три бода, важни во борбата за елиминациските борби со погодокот на Крос среде Истанбул против Галатасарај.


Манчестер сити во иста ситуација како ПСЖ, на својот „Етихад“ ја оправда фаворитската улога против Аталанта. За премиерлигашот двапати во листата на стрелците се запиша Агуеро, а хет-трик забележа Стерлинг, додека во редовите на калчолигашот Малиновски стрелаше од пенал.

Лига на шампиони

3. коло, резултати –

Група „А“

Клуб Бриж-ПСЖ 0:5
Галатасарај-Реал Мадрид 0:1

Табела: ПСЖ 9 бодови, Реал Мадрид 4, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1.

Група „Б“

Олимпијакос-Баерн Минхен 2:3
Тотенхем-Црвена Звезда 5:0

Табела: Баерн Минхен 9 бодови, Тотенхем 4, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1.

Група „Ц“

Шахтјор Доњецк-Динамо Загреб 2:2
Манчестер сити-Аталанта 5:1

Табела: Манчестер сити 9 бодови, Динамо Загреб 4, Шахтјор Доњецк 4, Аталанта 0.

Група „Д“

Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен 1:0
Јувентус-Локомотив Москва 2:1

Табела: Јувентус 7 бодови, Атлетико Мадрид 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот