„Кралевите“ ги тријат рацете, Обамејанг одби нов договор!

twitter.com/AFTVMedia

Пјер-Емерик Обамејанг најверојатно ја игра последната сезона во лондонскиот клуб кој очајно игра во Премиер лигата, и причина овој искусен напаѓач да бара нов, можеби уште поголем предизвик.

Важечкиот договор со Арсенал му трае до 30. јуни 2021 година, и според најавите „нема намера истиот да го продолжи“, информира „Дејли Мејл“.

Едноставно, интернационалецот од Габон сака да си од клубот и тоа по можност наредното лето 2020.

Сега управата на „топчиите“ е во дилема, дали да го продаде Обамејанг и барем ги врати парите, можеби и нешто заработи, бидејќи од Дортмунд беше ангажиран за 65. милиони евра, или пак да го задржат до истекот на договорот, откако веќе една и пол година е клучната алка на клубот, а без неговите голови и самите резултати би биле уште послаби.

И оваа сезона доминира од тој аспект, на 18. мечеви во сите натпреварувања досега реализираше 12 голови.

Уште додека беше играч на „милионерите“ од Дортмунд, за неговите услуги интерес покажува Реал Мадрид кој сака да ја искористи оваа ситуација на најдобар можен начин и донесе ново квалитетно засилување на „Сантјаго Бернабеу“.

„Кралевите“ дури и не сакаат да чекаат до лето, па до Арсенал испрати една интересна понуда, имено во евентуалниот трансфер на Обамејанг би се вклучил и младиот српски напаѓач Лука Јовиќ кој не се вклопи баш најдобро во шпанскиот гигант на Зидан.

Габонецот беше најдобар стрелец на клубот со 31 гол, а од доаѓањето во Арсенал во јануари 2018. година одигра 84 натпревари и реализираше 53 погодоци. Од друга страна, Јовиќ оваа сезона има 11 настапи за Реал и постигна само еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот