Крајот на летото им носи изобилство: Три хороскопски знаци ќе „пливаат“ во пари
Еден од најпознатите астролози Павел Глоба го искажа своето мислење за тоа кои хороскопски знаци ќе добијат поволен финансиски поттик до крајот на летото 2024 година.
Сигурен е дека среќата ќе им се насмевне зошто ќе станат магнети за пари. Проширен финансиски пат ќе им се отвори на припадниците на овие три хороскопски знаци, а доколку направат сè како што треба, финансиската среќа ќе ги следи до крајот на годината, пишува „Атма“.
Лав
Претставниците на огнениот знак Лав да обрнат големо внимание на можностите што се појавуваат, особено помеѓу 28 и 30 август. Можат да очекуват голема добивка.
Исто така ги советува да бидат дарежливи и да не штедат на подароци за своите најблиски за парите да течат уште долго.
Вага
Претставниците на воздушниот знак Вага од 3 август 2024 година ќе бидат под влијание на планетата Меркур. Тоа има посебно финансиско значење и треба да очекуваат големи бонуси и учество во профитабилни проекти кои ќе донесат приход за неколку години.
За да трае готовинскиот тек, Вагата мора да се ослободи од должничките обврски.
Риби
Претставниците на водениот знак Риби ќе доживеат финансиски успех кон крајот на летото. Тие можат да сметаат на враќање на старите заборавени долгови и пари кои ќе им дојдат од неочекувани извори.
Рибите можат да очекуваат значајно наследство од далечен роднина што можеби не го ни познаваат.
Меѓутоа, за да уживаат постојани финансиски приходи, Рибите треба да се смират со стар пријател.